Договорно производство – партнерство за поголем успех на вредносниот синџир за преработка на зеленчук
Sign inUSAID DEC
Dоговорно производство – партнерство за поголем успех на вредносниот синџир за преработка на зеленчук започнало во април 2012 со поддршка на АгБиз Програмата на УСАИД.
2012 · 1 pages

Abstract
Имплементацијата на оваа активност била спроведена од консултантската фирма МЦГ во периодот од април до септември 2012. Активноста имала за цел да го доближи принципот на долгорочно планирање и посилна вертикална интеграција на сите чинители во вредносниот синџир за преработка на зеленчук. Ова значело посигурен откуп за фармерите, стандардизирано и посигурно снабдување на суровина за преработувачите, како и зголемена соработка меѓу фармерите и преработувачите. Партнерство за имплементација на оваа активност било формирано со Фондација – Агроцентар за образование (АЦЕ), Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ) и со силна поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) на Р. Македонија. Во процесот на имплементација на оваа активност, повеќе од 400 фармери од неколку производни региони биле поддржани во склучување на договори за производство и откуп на различни земјоделски производи за преработка (пиперка, цвекло, модар патлиџан) со осум компании – преработувачи на зеленчук. Производството како и процесот на договарање и исполнување на обврските од договорите биле континуирано следени од група на назначени технички лица, тимот на ФФРМ и експерти - специјалисти за производство и заштита на зеленчук. УСАИД, преку АгБиз Програмата, го поддржува економскиот раст на Македонија преку активности кои ја подобруваат конкурентноста на македонскиот агробизнис. Целта е да се зголемат приходите за сите учесници во селектираните синџири на вредности преку зголемување на извозот и продуктивноста и подобрување на бизнис климата во земјоделството.
Connected topics
Classification