USAID DEC
Пазарните стандарди за домати и слатки пиперки во Република Македонија се пропишани во Правилници кои произлегуваат од Законот за квалитет на земјоделски производи.
2012 · 16 pages

Abstract
Оние зеленчуци кои не се опфатени со специфичните стандарди, подлежат на општите критериуми за свежо овошје и зеленчук, содржани во Законот за квалитет на земјоделски производи. Доматите се класифицирани во четири комерцијални вида: „округли“, „ребрасти“, „долгнавести“ или „издолжени“, и „црешовидни“ (вклучувајќи ги „коктел“ или „грозд“ домати). Стандардот го дефинира квалитетот на доматите по берба, нивната подготовка и пакување. Доматите мора да бидат цели, здрави, чисти од секаква видлива надворешна материја, незаразени од штеточин и без оштетување предизвикано од штеточини, без абнормална надворешна влага, без надворешна миризба и/или вкус и да се со свеж изглед. Во случај на цели китки домат, дршките мора да се свежи, здрави, чисти и да немаат ливчиња и секаква надворешна материја. Доматите се класифицирани во три класи: „Екстра“, I класа и II класа. „Екстра“ класа мора да биде со врвен квалитет, со цврста внатрешност и да ги има сите карактеристики на сортата во однос на форма, изглед и развој. I класа мора да биде со добар квалитет, со цврсти и да ги има карактеристиките на сортата. II класа вклучува домати кои не се квалификуваат за да бидат во повисоките класи, но ги задоволуваат минималните барања. Сортирањето е утврдено со максималниот дијаметар на доматот, тежината или според бројот на плодовите. Дозволени отстапувања во квалитетот и големината се однесуваат за секое пакување кое не ги задоволува барањата на назначената класа. Дозволени отстапувања во квалитетот и големината се однесуваат за секое пакување кое не ги задоволува барањата на назначената класа. Пакувањата на доматите мора да обезбедат соодветна заштита на производот. Користените материјали за внатрешноста на пакувањето мора да бидат нови, чисти и со таков квалитет за да се избегне предизвикување на било какво надворешно или внатрешно оштетување на продуктот. Секое пакување мора да ги има следните карактеристики: идентификација, природа на производот, потекло на производот и комерцијални спецификации. Пакувач и/или дистрибутер/превозник мора да биде назначен со име и адреса ако е различна земјата на потекло, или официјално признаена ознака од локалните државни институции. Природа на производот мора да биде назначена како „домати“ или „домати на китка“ и комерцијалниот вид, доколку содржината не се гледа однадвор. Име на сортата мора да биде назначено ако е потребно
Connected topics
Classification