USAID DEC
Агрофруктус ДОО Ваљандово е фирма основана во 2008 година со седиште во Ваљандово, Македонија.
2012 · 33 pages

Abstract
Во 2011 година е изграден нов откупно-дистрибутивен центар со седиште во Струмица. Фирмата има 150 вработени, но во зависност од потребите во тековната година тој број се зголемува и достигнува и до 250. Фирмата Агрофруктус е во постојан развој и остварува годишен обрт од 10 милиони евра. Со изградбата на нов објект во Струмица, се создадени услови за откуп на поголема количина на свежо овошје и зеленчук како и нивно пакување и испорака на странските пазари. Агрофруктус, грозјето од сортата Бело зимско го откупува од производните плантажи само од Гевгелиско-валандовското виногорје од познати производители (кооперанти). Откупот се врши во откупно-дистрибутивниот центар Ваљандово, каде што се пакува и складира во разладните комори. Агрофруктус, годишно откупува околу 200 t грозје од сортата Бело зимско. Тенденција е зголемување на овие количини преку подигнување на нови насади од сортата Бело зимско на база кооперантски односи. Грозјето што се откупува од познати производители ги задоволува следните критериуми за квалитет: гроздот е со маса над 150 g и доволен број на зрна, гроздот е со долгнавеста форма карактеристична за сортата и областа во која се одгледува односно Гевгелиско-валандовското виногорје, зрната се со златно жолта боја и воедначена големина, содржината на шеќер е од 16-220 Brix. Грозјето се извезува на пазарите во соседна Србија и Хрватска, бидејќи е последна сорта на грозје која може да се понуди на пазарот во ноември а и покасно односно до март месец. Основна дејност на фирмата Агрофруктус е откуп и продажба на свежо овошје и зеленчук. Грозјето од сортата Бело зимско кое се откупува од фирмата АГРОФРУКТУС ДОО ВАЛАНДОВО, потекнува од Гевгелиско-валандовското виногорје. Бербата на грозјето од сортата Бело зимско започнува во почетокот на месец октомври и може да трае најкасно до почеток на месец ноември.
Connected topics
Classification