USAID DEC
Охридската цреша е производ од земјоделската задруга „Охридска черешна“ од Лескоец, Охрид.
2012 · 30 pages

Abstract
Оваа цреша е добиена од одгледување на Prunus avium L., од следните автохтони сорти: охридска брза, црвена крцка, далбазлија, охридска црна и долга шишка. Главна карактеристика на наведените сорти произведени во Охридскиот регион е големината, односно тежината на плодот која зависно од сортата се движи од 7 g до 10 g за охридска брза, 5 g до 8 g за црвена крцка и далбазлија, 5 g до 10 g за охридска црна и 10 g до 16 g за долга шишка. Содржината на растворливи суви материи е критичен елемент при производството на квалитетни плодови цреша. Изразувајќи ги рефрактометарски, нивната содржина не треба да биде пониска од 13,5% за охридска брза, 13,8% за црвена крцка, 16,0% за далбазлија, 15,0% за охридска црна и 14,0% за долга шишка. Плодовите произведени во овој регион се карактеризираат со содржина на шеќери повисока од 10% и содржина на вкупни киселини повисока од 0,60%. Од особено значење за квалитетните органолептички особини на плодовите е индексот на сласт (однос меѓу вкупни шеќери и вкупни киселини), кој во плодовите произведени во овој реон зависно од сортата се движи од 16 до 30. Бојата на плодовите треба да е карактеристична за сортата. Таа е еден од клучните елементи при одредување на квалитетот на плодовите од страна на конзументите. Далбазлија се одликува со жолто портокалова основна боја на покожицата и дополнително светло црвено обоена од сончевата страна на плодот. Црвена крцка има светло црвена боја на покожицата. Плодот од охридска брза е кармин црвено обоен. Долга шишка се карактеризираат со темно кармин црвена боја на покожицата, а охридска црна е сорта со карактеристично темно винести до сјајно црни обоени плодови. Цврстината на плодот е значаен параметар за квалитетот, транспортабилноста и чувањето на плодовите од охридските цреши. Генетските својства на сортите и агроеколошките услови во реонот доведуваат до производство на плодови со голема цврстина која мерена пенетрометриски изнесува повеќе од 200 g/mm. Исклучок е сортата далбазлија која се одликува со помеки плодови чија цврстина на покожицата не е помала од 120 g/mm. Охридскиот регион е познат и признат кај потрошувачите на цреша во Р. Македонија и пошироко. Параметрите за квалитетните карактеристики на плодот како што се големината, добрата цврстина и убавата боја, се поврзани со уникатните климатско-почвени услови на реонот кои директно влијаат на нег
Connected topics
Classification